Предновогодишен билтен на СВР Охрид

- Локални, Хроника
393

На 29.12.2023 година во 22.45 часот, на улицата „15 корпус” во Охрид, приведен е Д.С.(32) од Охрид. При извршен преглед кај него а потоа и при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана, грендер-дробилка и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2023 година околу 15 часот, во струшкото село Лабуништа приведен е М.И.(48) од истото село. При преглед извршен на продажно место на пазарот во селото, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа вкупно 414 парчиња различни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29/30.12.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 04 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се платни налози.

Извор: СВР Охрид, фото: Архива

Facebook Коментари