Првото бебе во Струга за оваа година е машко

- Локални
3798

Машко е првото новороденче во Општата болница во Струга. Бебето  е родено денеска во 11 часот и 40 минути.

,,Првото новороденче на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница е машко, во добра здравствена состојба. Тешко е 2.880 грама и долго 49 сантиметри, изјави  директорот на струшката болница, Арменд Арслани.

Тој додаде дека бебето и мајката Зекир Елма, која е третородка од селото Брештани, Центар Жупа се во добра здравствена состојба.

Новогодишна ноќ во Струга и струшко помина мирно, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош иала вообичаени интервенции.

Strugaonline

Facebook Коментари