Лев банер Десен банер

Пожар во возило во Струга, нема повредени лица

На 14.05.2026 во 15:05 часот во ОВР Струга било пријaвено дека околу 14:30 на паркинг простор пред маркет во Струга настанал пожар во патничко возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на И.К.(52) од Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: