Приведен охриѓанец по нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект
На 28.05.2026 година во 17.45 часот, на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, приведен е Д.Н.(44) од Охрид кој претходно, во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. По извршено алкотестирање, кај него се констатирани 2,51 промили алкохол во крвта и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

