Лев банер Десен банер

Скопјанец приведен во Калишта, пронајдена бела прашкаста материја

На 10.09.2026 во 17:40 часот во струшкото село Калишта, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга  го лишија од слобода П.П.(41) од Скопје. При извршен преглед кај него пронајдено е и одземено пакување со бела прашкаста материја, а во неговиот автомобил „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки пронајдено е пакување со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: