Стружанец нападнат со метални предмети на паркинг пред одморалиште
На 10.09.2026 во 17:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети го нападнале З.Б.(32) од Струга. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

