Сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар, повредени се две лица

- Хроника
608

На 8-ми декември 2022 година, во 07:20 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

 

– Незгодата се случила помеѓу патнички возила марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „Опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „Опел“, додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „Опел“ К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари