„БЕГАМЕ“ – нова песна на Дани Димитровска и Пијан Славеј

- Музика
517

„Бегаме“ е новото музичко остварување на Дани Димитровска во сорабтока со Бранислав Николов од групата Фолтин, или познат како Пијан Славеј. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој продукциски застанува зад ова дело.

Бегаме е одраз на човековата површност во модерниов колектив; отуѓеност, раздвоеност во суперлатив… страв од одговорност и посветеност како начин на функционирање…“, вели Дани.

Спотот за новата песна на Дани и Пијан Славеј е веќе поставен на YouTube

Интересен податок е тоа што главните протагонисти во ова видео се вистински љубовен пар во реалниов свет. Лазар и неговата девојка Сара се препознаа во “Бегаме” и со задоволство прифатија да ја “одиграат” својата врска пред камера. Видео записот за „Бегаме“ го изработи 2by4 Digital, кои се нови во областа на видео продукција, но добро познати во дистрибуција на музика и поддршка на македонски артисти на сите дигитални платформи.

Бранислав Николов го познаваме како фронтмен на групата Фолтин, музичар со карактеристичен уметнички израз. Под името „Пијан Славеј“ твори веќе неколку години. Дани Димитровска е лидер меѓу женските рок гласови на нашата естрада, а на музичката сцена опстојува повеќе од 20 години.

 

Facebook Коментари