Сер Том Џонс започнал емотивна врска со екс сопругата на Елвис Присли, Присила Присли, пренесуваат медиумите.
Славниот пејач (76) наводно фрлил око на пет години помладата актерка која му беше сопруга на кралот на рокенролот Елвис Присли.
Том пред една година ја загуби сопругата Линда. Таа почина од рак.
„Том и Присила се зближија, меѓу нив постои привлечност, но тие не брзаат никаде. Врската е сеуште во рана фаза и досега убаво се сложуваат,“ пишува весникот The Sun, цитирајќи негов близок пријател.
„Том зад себе има тешка година поради смртта на Линда, а Присила му беше поддршка.“
Пејачот не сакаше ниту да ги потврди, а ниту да ги демантира овие наводи.
„Ние сме добри пријатели веќе подолго време. Таа е прекрасна жена. Уживаме во вечерите што ги поминуваме заедно,“ рече тој.
Присила беше венчана за Елвис од 1967 до 1973 година, а нивната врска и брак ги обележаа многу скандали, неверства и афери. Во бракот ја добија черката Лиза Мери Присли. Присила никогаш не се премажи, икао беше во долга врска со Марк Гарибалди со кој има и син.
Љубовта на Том и Линда започнала уште кога биле во средно училиште, а се венчале во 1957 година кога таа имала само 16 години. Останаа заедно се до нејзината смрт во април минатата година.
Facebook Коментари