За 55 отсто паднала добивката на Кока-Кола

- Свет
799

koka-kola

Добивката на Кока-Кола паднала 55 отсто во последното тромесечје, а паднаа и приходите, како и продажбата на најголемиот светски производител на безалкохолни пијалаци, додека продолжува да го реструктуира своето работење.

Според бизнис извештајот објавен во четврток, Кока-Кола заработила 550 милиони долари во последното ланско тромесечје, додека ланската година истиот период остварила добивка од 1,24 милијарди долари.

Вкупниот приход паднал од 10 милијарди на 9,41 милијарда, што е последица на силниот долар, аквизицијата и продажбата на дел од работењето.

Обемот на продажба во светот паднал за 1 отсто, при што за 4 отсто во Латинска Америка, додека за 1 отсто е зголемен во Северна Америка и Европа.

Компанијата е во процес на продажба на погоните за полнење на независни компании, кои ќе ги флашираат нејзините сокови и останати пијалаци.

Наместо погони за полнење, Кока-Кола акцентот ќе го стави врз маркетингот на своите брендови и продажбата на сирупи и концентрати на погоните за полнење.

Овие промени значат помали приходи за Кока-Кола, но и пониски трошоци.

Иако деловните резултати на Кока-Кола се нешто подобри од очекуваното, цената на акцијата на компанијата се лизна во четврток за речиси два отсто.

 

Facebook Коментари