Струшкиот бенд „No Problem“ старите народни македонски песни ги претвора во одлични рок композиции

Ви го претставуваме бендот „No Problem“ кој својата музичка уметност ја негува повеќе од десет години. Бендот го сочинуваат тројца млади и перспективни музичари. Вокал и гитарист е Коста Костоски од Вевчани. Коста е дипломиран соло пејач и за него музиката е професија, а не само хоби. Истата страст кон музиката и прфгесионален пристап го негуваат и Almir Bajramsky – клавијатурист и тапанар кој е исто така дипломиран на Музичката академија во Скопје, отсек музичар- теоретичар, а воедно е и наставник по музичко образование. Bajramsky е композитор на класична, филмска и театарска музика. Третиот член на бендот е Томе Мурџески кој свири бас гитара и исто така има музичко образование.
„No Problem“ започнаа креативен музички проект чија цел е преработка на стари народни македонски песни во рок верзии. Првата преработка е веќе направена за познатата песна „Јовано Јованке“ во аранжан на Коста, гитаристот на бендот.
Вториот дел од овој проект опфаќа снимање cover верзии. Првиот cover е снимен за песната „Home Sweet Chicago“ во соработка со Томче Шутиноски video production.
„No Problem“ прават одличен спој на изворното и модерното во музиката како софистицирана уметност.
Strugaonline

