Шестото издание на „Моден ден“ направи оригинален спој помеѓу танцот и модата

- Локални
773

Месец март во Струга започна со шестото издание на манифестацијата „Моден ден“. На овогодинешниот „Моден ден“ беа претставени шест модни ревии во кои учествуваа танчери од Студиото за танц „БАX“, професионални модели и млади луѓе од Струга и Охрид кои напорно и посветено работеа за да ги претстават моделите во најдобро светло и успеаа да ја остварат својата цел.

И оваа година, танцот и модата се споија во својата најкреативна точка. За тоа се погрижија  членовите на Балетското студио „БАX“ кои се претставија  со стари кореографии, но, публиката ја изненадија и со осум нови кореографии.

Манифестацијата „Моден ден“ е првиот од трите настани кои се организирани по повод дваесет и пет години постоење на Балетското студио „БАX“.

Вториот настан ќе сеодржи на 29-ти април, светски ден на танцот, кога во Струга ќе се одржи танц-парада низ градот, а одбележувањето ќе заврши во јуни, со традиционалниот годишен концерт на Балетското студио „БАX“.

Strugaonline

Facebook Коментари