(ВИДЕО) „Ако утре ме нема“ нова песна и спот на ДНК

- Музика
180

„Ако утре ме нема“ е насловот на новата песна на ДНК, која судејќи по досегашните прегледи на Јутјуб и коментарите под видеото, е токму она што публиката го очекуваше од момците. Песната, односно музиката и текстот и овој пат се со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски, додека зад аранжманот стои Џамбо Агушев, кој со својот оркестар всушност и е дел од целата оваа приказна.

 Видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе и пријатели на ДНК, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски -Ѓуле, монтажа и боја.

 – Во реализацијата на спотот учествуваа многу наши пријатели, колеги, идоли од детството, кои без збор се согласија да се појават во оваа весела видеоприказна, која за нас е едно од поубавите искуства во кариерата. Насловот на песната „Ако утре ме нема“ е симболичен, бидејќи животот стана многу неизвесен и не знаеме утре што ќе биде. Се надевам дека доста ќе се слуша и ќе донесе добро расположение, вели Панчо и признава дека прв пат во животот токму на снимањето на спотот за оваа тема пробал прасечко месо. Некој во коментарите под спотот напишал вака: „Ова не е екипа за Ивкова слава, малку ви е, од Спасовден до Ѓурѓовден ќе терате, сѐ боем до боем! – И навистина е така зашто дел од кадрите за „Ако утре ме нема“ на ДНК феат. Џамбо Агушев оркестар, освен главните јунаци се и: Наум Петрески, Миле Кузмановски, Тони Михајловски, Васко Тодоров (Тошо Малерот), Цаки Кисми, Спасен Силјаноски, Гоце Димовски (Синтезис), Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Ѕвонко Милошевиќ – Шинтер. –објаснуваат момците од ДНК. 

Дуото „ДНК“ годинава одбележува 20годишен јубилеј, па тој повод предвидени се низа настани кои ќе бидат заокружени со голем концерт закажан на 3 декември во арената Борис Трајковски. Билетите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник и во првите 20 дена, односно од понеделник 13.6 точно напладне сѐ до 2.7 повторно напладне, цените на билетите ќе бидат следни: ВИП 800 денари, ВИП коњопој 800 денари, фан пит 200 денари и седење (трибини) 350 денари. Веќе од 2 јули ќе важат овие цени: ВИП 1000 денари, ВИП коњопој 1000 денари, фан пит 350 денари и седење (трибини) 450 денари.

 

Facebook Коментари