Од 14 до 20 јули ќе се одржи „Струга фест“
Општина Струга најавува седумдневна фестивалска програма исполнета со културни, уметнички и забавни содржини.
Струга од 14 до 20 јули ќе биде домаќин на „Струга фест 2026“, фестивалска манифестација што ќе донесе богата програма со културни, уметнички и забавни настани за посетители од сите генерации.
Во организација на Општина Струга, фестивалската недела има за цел да го претвори градот во центар на дружењето, музиката, уметноста и културните случувања, нудејќи разновидни содржини за жителите, иселениците и бројните туристи кои престојуваат во Струга во текот на летната сезона.
Од Општината упатуваат покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од фестивалската атмосфера и заедно да уживаат во настаните што ќе се одржуваат во текот на седумте фестивалски денови.
„Струга фест 2026“ ќе се одржи од 14 до 20 јули и претставува уште една можност Струга да ја покаже својата културна понуда, гостопримливост и препознатлив летен дух.
Организаторите порачуваат: „Добредојдовте во Струга – ве очекуваме!“
StrugaOnline

