На „Ќафасан“ приведен жител на Египет, баран за „фалсификување патна исправа“

- Локални
368

На 4-ти ноември 2021 година, во 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Ќафасан“ го лишиле од слобода 25-годишниот А.С.Е.Е., државјанин на Арапска Република Египет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување патна исправа“.

– Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Facebook Коментари