Македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе ја освои третата европска титула во кариерата.
Тој имаше одлична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки, и во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, а на три беше втор.
За него ова е трета титула европски шампион на ридски патеки. Претходно овој успех го постигна во 2014 и 2015 година.
Strugaonline
Facebook Коментари