Кривична пријава за лице од Драслајца кое му овозможило користење марихуана на друго лице во возило во авто камп во Охрид

- Локални
3364

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

– Тој, во својот автомобил марка „Форд мондео“, што го паркирал во авто камп во Охрид, му овозможил на лице од Струга користење марихуана, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари