Премиера на филмот ,,Те дуа, жими мене“на 30-ти септември во Охрид

- Локални
403

На кино репертоарот во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ”, во сабота 30.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.

– Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.-стои во описот на содржината.

Гости на премиерата ќе бидат дел од актерската екипа на филмот.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски.

Играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Strugaonline

Facebook Коментари