Директорката Стефаноска на саемот за туризам „ITF Istanbul“ на средба со членови на управниот одбор на ТУРСАБ- договорија информативно патување во земјава.
Бројот на туристи од Турција за седум месеци од годинава го надмина бројот од 100.000 гости, ова е мотив за поголеми промотивни активности во овој туристички пазар.
Проекцијата за следната година е зголемување на турските посетители на Балканот за 40%. Турците доаѓаат на кружни патувања, додека во Македонија туристичките тури вклучуваат посета на Скопје, Битола, Охрид со акцент на културниот туризам. Традиционалните врски со Турција и блискоста со македонскиот народ го зголемува интересот на турските туристи за посета на Македонија.
Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на туристичкиот саем “ITF Istanbul” ќе ги промовираат туристичките содржини и можности за зголемување на туристичкиот промет во државава.
Извор: АТТП
StrugaOnline
Facebook Коментари