Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон

- Спорт
885

Новак Ѓоковиќ по  четврти  пат во кариерата успеа да го освои престижниот Грен слем турнир Вимблдон.Српскиот тенисер одигра одлично во финалето во Лондон  и без загубен сет го порази јужноафриканецот Кевин Андерсон. После 2 часа и  20 минути игра, ја прослави 13-та Грен слем титула во кариерата ,прва после Ролан Гарос од 2016. За победата да биде уште поемотивна, неговиот пет годишен син Стефан за прв пат имаше можност да ја следи играта на својот татко. Ѓоковиќ изјави дека е посебен момент тоа што некој од публиката за прв пат викаше „Тато, тато“.

Тој има помалку од 5 години, па не можеше да ги гледа мечовите во живо, но се надевав ако некогаш тоа се случи дека ќе можам да го држам трофејот кога ќе биде таму. Многу сум емотивен. Прекрасно е чувството затоа што за првпат имам некој во мојот живот кој навива: „Тато, тато“, изјави Ѓоковиќ.

Откако ги прими честитките од  Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, тенисерот веднаш тргна накај својата сопруга и син.

Strugaonline

Facebook Коментари