Учесниците на манифестација „Струшки книжевни средби“ ја посетија ликовната колонија во Дебарца

- Локални
748

Учесниците на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“2018,од Македонија, Србiја, Хрватска, Албанија Русија, Германија и Словенија предводени од Петко Шипинкаровски (претседател на Културниот центар „Бран“и  главен и одговорен уредник на “Бранувања„) имаа можност да го погледнат изборот од вредните дела на реномирани ликовни уметници –учесници на Ликовната колонија „Дебарца“-2018,меѓу кои беа и:  Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.

На самото место,на мини, „Ликовната колонија“свои ликовни дела создаваа познатото уметничко и брачно дуо :Емилија и Стојче Тоциноски од Скопје,единствени, како такви на Балканот.

Покрај многубројните поети,  колнијата ја посетија и наградените автори на овогодишните книжевни средби: Виктор Шеќероски , Никола Шимиќ Тонин , Јордан Ѓорчев,Љубиша Симиќ, Елена Пренџова, Владимир Плавевски и Сузана Мицова,истакна Петко Шипинкаровски.

-Поетите читаа песни од своите творештва. Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“од Струга и „Седумка“од Франкфурт на Мајна-Германија, додека од Хрватска, се членови на“ ХКД„од Задар и „Ритам мисли“од Вараждин- истакна Шипинкароски.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари