Лев банер Десен банер

Пионерките на ЖРК Струга незапирливи: Четири победи на четири натпревари

Младите ракометарки на ЖРК Струга продолжуваат со одличните настапи и ја забележаа четвртата победа на исто толку одиграни натпревари, потврдувајќи ја одличната форма во досегашниот дел од сезоната.

Пионерките на ЖРК Струга продолжуваат да редат успеси на ракометните терени. Стружанките остварија нова победа, овојпат против екипата на ЖРК Вардар, совладувајќи ја со убедливи 28:5.

Струшките ракометарки уште еднаш покажаа квалитет, борбеност и ефикасност, оставајќи ја противничката екипа на само пет постигнати погодоци.

Најефикасна во редовите на Струга беше Николина Паноска со пет погодоци, а веднаш зад неа следуваше Елена Ѓонеска, Евгенија Димовска и Мила Илоска со четири гола.

По три погодоци постигнаа Марија Глигороска, Ива Крстаноска и Деспина Чакар, додека Стефанија Мазникоска и Мила Миса го завршија натпреварот со еден гол.

Со овој триумф, пионерките на ЖРК Струга го продолжуваат победничкиот ритам и имаат максимален учинок од четири победи на четири натпревари и се наоѓаат на врвот на табелата со максимални 8 бодови.

StrugaOnline

error: