Резултати од третиот натпреварувачки ден на ракометниот турнир во Струга

На стартот од третиот натпреварувачки ден на 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, екипата на РК Струга беше поразена со резултат од 15:30 од екипата на РК АЕК Атина.

Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа откако во неизвесен натпревар против Татран Прешов триумфираше со резултат 25:24 (11:10).

На последниот натпревар од третиот ден на 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга екипата на Вардар 1961 загуби од екипата на Целје со резултат од 36:28.

