Македонска ракометна репрезентација вчера го забележа првиот пораз на Светското првенство во Данска и Германија во дуелот со Хрватска.
Хрватите славеа со 31:22. Ракометарите на противникот водеа во текот на целиот натпревар, а Македонија во поголем дел од истиот успеваше да се доближи, но не доволно за да израмни или да поведе.
Хрватите имаа голема прецизност и добра одбрана. Вистинска sвезда на натпреварот беше хрватскиот голман Марин Шего кој забележа 13 одбрани.
После овој пораз, нашата репрезентација денеска има слободен ден а утре со почеток во 20:30 часот игра со селекцијата на Шпанија.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари