Две лица од Косово приведени на „Ќафасан“ поради фалсификувани патни исправи

- Локални
637

На граничниот премин „Ќафасан“, вчера околу пладне, при пасошка контрола, било констатирано дека шенген визите кои било во патните исправи на две лица од Косово биле фалсификувани.

– Станува збор за 32-годишниот Ј.Р. и 26-годишниот Г.С., двајцата од Косово. Во 15:30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица во Струга, а потоа се задржани во СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари