Тренерот од ТК “СОНКАЛ” Мислешево-Струга, Давид Крстески освои бронзен медал во борби на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер, Словенија

- Локални, Спорт
308

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-22 април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова Европско првенство учествуваа над 1000 натпреварувачи од 34 земји. Нашата рерпезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со шест натпреварувачи, двајца тренери и две официјални лица. Конкуренцијата беше преголема, доминираа големите репрезентации, а покрај тоа доминараше и пристрасноста на судиите која беше во корист на големите репрезентации. Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано досега, каде од старт бевме оштетени од ждрепките, без право на приговор и корекција. Давид Крстески кој е тренер на Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ” Мислешево од Струга, еден од нашите најдобри натпреварувачи, ја оправда нашата доверба и докажа дека е врвен спортист освојувајќи го бронзениот медал во спаринг борби, јуниори 16-17 год. – 63 кг.

Во борбата за медал, Давид Крстески доминантно ги победи претставниците на Англија и Бугарија, со што се пласира во полуфинале, каде се бореше со вториот претставник на Бугарија, со водство преку целата борба, но на 10 секунди од крајот судиите направија пресврт и му ја одзедоа шансата за сребрен или златен медал на нашиот претставник. Давид Крстески беше пофален од сите што ги гледаа неговите борби и многу од нив кажаа дека во него гледаат иден светски шампион, поради неговата смиреност, дисциплина и техника. Христијана Парулеска нашата минатогодишна Европска шампионка ги победи претставничките на БиХ и Англија, додека во четвртфинале со претставничката од Германија ја загуби борбата поради неочекувани женски проблеми. Елена Јанеска исто како минатата година за жал не успеа да ги победи судиите, што ова и трет последователен натпревар од ваков калибар да губи од страна на судиите. Владимир Димитриевиќ покрај прекрасната прва борба, во втората борба беше приморан да го заврши натпреварувањето поради повреда по инсистирање на докторската екипа, Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен Европски Шампион, но изгуби поради недоволно искуство, додека Софија Колушоска беше совладана од тремата. Како мала репрезентација сум сепак презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова Петто последователно Европско првенство на М.Т.Т.Ф. каде континуирано се враќаме со медал, што не прави една од поуспешните федерации. Затоа користиме прилика да се заблагодариме на Генералниот спонзор ”ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за сите наши успеси и за нашиот квалитет, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид кои несебично го помагаат нашиот спорт, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

StrugaOnline

Facebook Коментари