Поскапува задолжителната осигурителна полиса, нови цени за регистрација на возила

- Македонија
293

Поскапува регистрaцијата на возила во земјава. Граѓаните ќе мора да издвојат повеќе пари за таа намена, откако осигурителните компании ги зголемија сумите за задолжителната осигурителна полиса.Цената на полисата за автоодговорност се зголеми за 15,4 отсто. Ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денари. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Се менуваат доплатоците за полисата за автоодговорност за 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена.

Извор: Телма, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари