Одличната игра во второто полувреме му ја донесе победата на Вардар. Нашите момци постигнаа 16 а примија само девет гола. Во еден период од играта Вардарции имаа и осум гола предност. Со новите бодови остануваат на лидерското место во групата.
Мечот Вардар го играше без Вуко Борозан кој требаше да паузира поради суспензијата од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Кјелце. Тренерот Парондо реши да игра со Игор Карачиќ на лев бек а Сташ Скубе на среден. Таа комбинација се покажа како добитна. Карачиќ постигна вкупно 11 гола од 14 упатени удари на голот на гостите. Тој беше нерешливата загатка за Мешков.
За само осум минути и одличната серија што ја направи Вардар од 41 до 49 минута на средбата „избега“ на 25-19 што беше најавата за триумфот. Во тој период прво Милосављев го брани пеналот на Иве Шимиќ, а потоа и Калифа Гедбан има уште три одбрани во серија. „Црвено-црните“ веќе имаа предност од 25-19. Карачиќ, Дибиров и Криштопанс направија уште една серија од 3-0 со која Вардар веќе водеше со 28-20.
Му требаше време на Вардар да најде соодветна против -игра против белорускиот првак. Мешков имаше предност во првото полувреме. Вардар стигнуваше, па преминуваше во водство, а Мешков стигнуваше. На крајот со 14-14 се замина на одмор.
Новото засилување Калифа Гедбан ги покажа своите квалитети. Влезе во 23 минута од натпреварот, и до крајот на средбата имаше 11 одбрани од што еден седмерец.
ВАРДАР – МЕШКОВ 30:23 (14:14)
ВАРДАР: Милосављев (2 одбрани и 2 седмерци), Гедбан (10 одбрани и 1 седмерец.), Стоилов, Недановски, Поповски, Кристопанс 3, Мораеш, Дисингер, Карачиќ 11, Скубе 1, Калараш 1, Чупиќ 6, Дибиров 6, Шишкарев 1, Војводиќ, Кисељев 1.
МЕШКОВ БРЕСТ: Пешиќ, Мацкевич, Кулак , Шкурински 5, Бачко, Јуринок 1, Ивиќ 3, Шумак 4, Баранау, Хорак 1, Разгор 1, Обрановиќ 2, Селвасјук 2, Ѓукиќ 1, Ѓорѓиќ, Шилович 3.
Извор и фото: РК Вардар
Facebook Коментари