Работата на кружниот тек во индустриската технолошка развојна зона – Струга под мониторинг на градоначалникот

- Локални
926

На крајот на минатата недела, градоначалникот на  Општина Струга Рамиз Мерко заедно со своите соработници одблиску ja следеше работата на кружниот тек во индустриската технолошка развојна зона во Струга.

Оваа инвестиција е  во соработка со Општина Струга и владата на Република Македонија и изнесува околу 2 милиони евра. Средствата беа обезбедени од државниот буџет на барање на г-дин Мерко уште на времето кога беше министер за странски инвестиции и како резултат на тоа  една година подоцна оваа инвестиција почнува да се реализира.

Во суштина,  овој проект е важен за Општина Струга заради тоа што ќе биде овозможено влез во градот преку овој надвозник така што градскиот собраќај ќе се одвива преку туристичкиот пат наместо регионалниот.

Извор и фото: Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари