Со победата над селекцијата на Чиле со резултат 32-29 машката репрезентација на Македонија обезбеди место во главната рунда на Светското првенство во Египет.
Во претстојната фаза, Македонија, Шведска и Египет, ќе вкрстат со трите најдобри од групата Х – а тоа се Русија, Белорусија и Словенија. Нашата репрезентација нема да пренесе бодови и ќе биде на последното место во групата.
Facebook Коментари