Денеска се празнува Богојавление-Водици

- Македонија
401

19-ти јануари е денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан. Според христијанското верување, во 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан.

Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Вековни традиции и верувањаСпоред мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови.

 На овој ден се осветува вода за која се верува дека има лековити и чудесни својства и се нарекува Богојавленска вода. Верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година. Богојавление се празнува низ цела Македонија со традиционално пливање по крстот за Водици,но годинава спуштањето на Чесниот Крст во реките и езерата ќе изостане поради пандемијата.

 

Facebook Коментари