Работниците со ниски приходи и годинава ќе добијат ваучери за одмор, ќе има јавен повик за аплицирање

- Македонија
395

Владата и оваа година ќе дава ваучери за годишен одмор во вредност од 12.000 денари, истите ќе бидат наменери за работници со ниски примања.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека  во делот на туризмот и оваа година ќе продолжи мерката организиран одмор на работници со ниски приходи.

„Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети. Оваа година, во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година. Оваа година, за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари“, рече Бектеши.

Јавниот повик за аплицирање ќе биде објавен во првата половина од годинава.

Strugaonline

Facebook Коментари