Лев банер Десен банер

Во сабота во Струга ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2026“

На 05.09.2026 (сабота), во Хотелот Дрим во Струга со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2026“.

Настанот е организиран од Младинската Шаховска Школа Струга, со цел промоција на шахот како спорт кој развива стратегиско размислување, концентрација и фер-плеј.

На фестивалот ќе учествуваат над 100 натпреварувачи од земјава и соседните држави, а натпреварите ќе се одвиваат по швајцарски систем.

-Оваа година бројката на пријавени учесници надмина преку 100 играчи што е најголема бројка на учесници кои играле на турнирите на Езерска Кралица. Toa e доказ дека фестивалот е препознатлив како настан и тоа се должи на нашата посветеност и труд сите овие години. Нашата цел уште на почетокот беше да изградиме шаховски бренд, фестивал кој достојно ќе ја преставува Македонија и градот Струга на меѓународно ниво, вели Ѓоко Котески од Младинската Шаховска Школа.

Настанот е дел од годишната програма за работа на школата и е подржан од Општина Струга, Пелистерка, Изворска, БОГРАД Апартмани, како и од фамилијата Симоноски од Струга кои се подржувачи на младинскиот шах.

Организаторот ги поканува сите љубители на шахот, медиумите и граѓаните да присуствуваат и да го поддржат овој спортски настан.

StrugaOnline

error: