11 автобуси во Струга пратени на технички преглед, 3 автобуси имале неисправни сопирачки

- Локални
847

Вчера, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници.

Притоа, од 51 контролиран автобус, 47 се упатени на технички преглед (Охрид-12, Струга-11, Кичево-19, Дебар-5). Кај 7 автобуси констатирани се неисправни уреди за запирање (Охрид-3, Струга-3, Кичево-1), а кај 5 автобуси регистрирани се недостатоци од друга соодветна опрема (Кичево-2, Дебар-3),

Возилата се исклучени од сообраќај, а возачите се соодветно санкционирани.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари