Време-Облачно и ветровито, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд

- Македонија
494

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Утре претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари