17 лица во Охрид и 3 во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
291

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 56 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-17, Струга-03, Кичево-26, Дебар-10). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.  Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 27 контроли по угостителски и други објекти и евидентирани се 01 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.. Против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари