Бидете дел од актерската екипа во филмот ,,Траги“ , еве како да се пријавите

- Локални
761
За главните и споредни улоги во краткиот игран филм „Траги“ во режија на Лидија Мојсовска , Guzzva Casting Agency бара:
Машки деца на возраст од 8- 11 год.
Женски деца на возраст од 9-12 год.
Жени на возраст над 55 години.
Заинтересираните кандидати треба да испратат  портретна фотогафија (само лице) и видео со кратко претставување (име, презиме, возраст, место на живеење и контакт број на родител) на имејлот [email protected] најдоцна до 20 мај 2021.
Филмот ќе се снима на Охридското крајбрежје во текот на месец август 2021 а предност ќе имаат кандидат(к)и од регионот на Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар.

Facebook Коментари