5 лица во Струга и 11 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
311

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 11, Струга 5 и Кичево 14).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 62 контроли по угостителски и други објекти (Струга 6, Кичево 27 и Дебар 29). Истовремено, во Охрид евидентирани се 4 прекршувања на забраната за движење од 20:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари