Протест против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во Струга

- Локални
693

Стотина стружани денеска протестираа против  предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

,,Не сме задоволни од моменталниот образовен процес, воведувањето на дигитализацијата не ни е целосно објаснетo. Во изминатава година и половина, ние како родители живееме во тој процес на дигитализација, дел онлајн, а дел со физичко присуство, а и тоа физичко присуство не е постојано. Многу е лесно да се каже дека децата ќе бидат дома и ќе учат, но секој дома си знае дали има или нема услови. Со едно дете можеби е полесно, но има семејства со две, три и четири деца, кога сите треба да учат онлајн, тешко е да се координираат ,,-велат родителите.

-Хартиените учебници задолжнително да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование;  да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование во основното образование  Етика на религиите да остане изборен предмет . Да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден . Да се образложи и аргументира кратењето на фондот на часови по одредени предмети и влијанието во наставниот процес за истите тие предмети . Да се создадат соодветни услови за инклузија на децата со попреченост, хендикеп и посебни .Да се креираат протоколи за одржување настава со физичко присуство во услови на пандемија. Задолжително учество на претставници од групата и од граѓанскиот сектор во работната група за измени во Законот-се нивните барања.

Протести против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали се одржаа пред општинските згради во сите градови во земјава, а беа организирани од страна на Граѓанската иницијатива ,,Учебници и настава мора да има“.

Извор и фото: Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари