60 прекршоци за неносење маски на подрачјето на СВР Охрид, 6 од нив во Струга

- Локални
424

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево 2 и Струга 1).

– Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 148 лица (Охрид 48, Струга 86 и Кичево 14). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 86 контроли (Охрид 22, Струга 53 и Кичево 11). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 56 лица (Охрид 20, Струга 28, Кичево 3 и Дебар 5). Врз овие лица, извршени се 41 контроли (Охрид 11, Струга 22, Кичево 3 и Дебар 5). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 26 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 03, Струга 06, Кичево 07 и Дебар 10). Во изминатото деноноќие, полициските службеници, констатирале 60 прекршоци за не носење на лична заштита на лицето (Охрид 24, Струга 06, Кичево 25 и Дебар 05),

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари