7 лица во Струга и 8 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
375
Според  статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 43 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-08, Струга-07, Кичево-25, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 65 контроли во угостителски и други објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари