,,Порака Нова“-37 години чувар на правата на лицата со интелектуална попреченост во Струга

- Локални
586
Центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Порака нова“ слави 37 години постоење. Исто толку стручниот тим соодветно се грижи за своите штитеници и преку илјадници проекти работи на активна инклузија на лицата со попреченост во општествениот живот.
,,Седумнаесет години сум дел од оваа приказна и ја застапувам мисијата на ,,Порака нова“. Милион насмевки и прегратки ми го стоплиле срцето и ме мотивирале да се вложам уште повеќе. Не е лесен ниту еден предизвик со кој се соочувам заедно со тимот , но, ништо не може да не’ застане. Колку повеќе луѓе ќе ни се придружат, толку сме посилни.,,- вели Анита Гагоска, генерален секретар во ,,Порака нова“-Струга.
Според неа, најважно за овој Центар да функционира уште подобро е отвореноста на институциите.
,,На прво место е поголемата соработка со институциите, нивна поголема отвореност. Институциите треба да не’ гледаат како соработници, а не како закана и конкуренција. Потреба е отвореност од страна на бизнис секторот за вработување на лицата со посебни потреби , а и за соработка и општествена одговорност.  Потребна е и поголема пристапност на јавни површини и објекти и секако , луѓе со иновативни идеи кои сакаат да допринесат во остварување на мисијата на ,,Порака нова“ и со истите тие идеи да се самовработат. -потенцира Гагоска во изјава за Play radio и Strugaonline.
Извор: Strugaonline
фото: архива/Play radio

Facebook Коментари