Општина Струга: Се расчистува теренот во Радожда, надлежните ќе проверат дали е безбедно

- Локални
620
Денеска во раните утрински часови екипа од Општина Струга изврши увид во Рдожда каде што вчера се урна карпест предел и како последица на тоа има материјална штета на неколку куќи.
,,Ќе бидат превземени мерки за одстранување и расчистување на просорот. Градоналаникот со писмено барање се обрати до надлежните служби, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да излезат на увид за да констатираат дали е безбедно и дали треба да се превземаат дополнителни мерки.“ -информираат од Општина Струга.
Уривањето се случи вчера во 07:00 часот наутро на влезот од Радожда веднаш до пештерната црква Архангел Михаил.
Strugaonline

Facebook Коментари