АМСМ: До крајот на месецов треба да завршат работите на патот „Буково – влез во Охрид“

- Локални
192

Од 20-ти мај 2023 година, на патниот правец „Државен пат А3, делница: Буково-Охрид, подделница Буково – влез во Охрид“ на сила е времен режим на сообраќај, информираат од Авто Мото Сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Компанијата „Бион“ ДОО од Тетово изведува работи предвидени на објектот „Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково-Охрид, подделница Буково-влез во Охрид“, додаваат од АМСМ.

Овој режим на сообраќај ќе биде на сила според сообраќајниот проект, а работите на објектот се предвидени да завршат на 29-ти февруари 2024 година.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари