Успешно заврши уште една учебна година во ЕЦ ,,Таргет“, уписите за следната се во тек!

- Локални
428

Заврши учебната година во Едукативниот центар ,,Таргет“. Учениците и годинава учеа и се едуцираа во нивниот мал но значаен универзум. Крајот на оваа учебна година го одбележаа со мала забава. ,,Таргет“ се грижи за образованието, но и за радоста и слободните активности на учениците.

,,Заврши учебната година која донесе многу предизвици поради пандемијата со ковид 19, драго ми е што успеавме да учиме со почитување на сите мерки и протоколи за заштита. Специфична година во која здравјето беше на прво место, но направивме се за образовниот процес да не изгуби на квалитет и успеавме во тоа. Во ,,Таргет“ учат совесни деца кои беа многу дисциплинирани. ,,-изјави Мила Бебекоска – сопственик на Едукативниот центар ,,Таргет“.

Уписите за следната учебна година ќе траат во текот на цело лето. Од ,,Таргет“ апелираат сите заинтересирани ученици на време да си обезбедат свое место во ова образовно катче, бидејќи интересот е голем. Што се однесува до летните курсеви за странски јазици, тие ќе продолжат и во текот на летото.

Активна останува и можноста за обука и полагање за Меѓународниот сертификат за англиски јазик ESB.

Пријавување на телефон 078 633 905.

Strugaonline

 

Facebook Коментари