Билтен на СВР Охрид-45-годишна охриѓанка пронајдена почината во својот дом, охриѓанец агресивно се однесувал во ноќен клуб…..

- Локални
2465

На 10.11.2023 година во 02.00 часот во ноќен клуб во Охрид, Ф.А.(30) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување кон присутните гости, а потоа, пред објектот, и со агресивно однесување кон вработените во обезбедување на клубот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(37) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари