ЦЈЗ: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна

- Локални
438
Денеска заврши комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7.11.2023 г. од градската водоводна мрежа во Струга.
-Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна.-информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.
Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.
-Апелираме до жителите на општина Струга и околните села приклучени на Градскиот водовод да бидат претпазливи при користење на водата за пиење, особено за време и неколку дена после обилни врнежи од дожд. Имено, доколку водата која тече од чешмите е видливо матна и истата не се избиструва после течење на чешмата од 3-5 мин., да се избегнува користењето на таквата вода за пиење.-потенцираат од Центарот.
Strugaonline

Facebook Коментари