Билтен на СВР Охрид: Полицијата во Струга лиши од слобода скопјанец баран со потерница, тројца охриѓани ќе одговараат за насилство…

- Локални
1754
На 28.11.2023 во 21.30 часот на улица „Пабло Неруда” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(28) од Скопје. Тој беше баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување затворска казна.  Лицето е спроведено во установата за издржување на казната.

На 28.11.2023 во 17.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа на кеј „Македонија” во Охрид, сопственост на Х.Н. од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 28.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(45), А.Т.(24) и П.Б.(23), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. Тие, на 12.11.2023 година, на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28) и Д.Ј.(34) од Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”, како и против Б.А.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на минатата година, Д.Л. во својство на службено лице- вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Б.А. како сопственик и инвеститор на градбата, без  потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари