СВР Охрид врши дополнителни контроли за пронаоѓање и санкционирање на лица организатори на борби со кучиња

- Локални
197
На 23 и 24.11.2023 година, СВР Охрид, реализираше дополнителни контроли на целото подрачје, со цел пронаоѓање и санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.
-Тим од полициски службеници, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, извршија обиколки и преглед на одредени локации во периферните региони со отежнат пристап, на авто-кампови како и на повеќе приватни имоти. Извршени се разговори со нивните сопственици како и со лица кои, на посебно оградени простори, чуваат кучиња, чии фотографии се објавувани по социјалните мрежи како организатори на борби со кучиња. Остварени се контакти со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од ветеринарните амбуланти на подрачјето како и со инспектор за ветеринарство за што, известен е јавен обвинител-стои во соопштението од МВР.
Инаку, според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.
-Подолг временски период, во СВР Охрид нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.-додаваат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари