Билтен на СВР Охрид- Пожар во куќа во Подгорци, приведен охриѓанец, полицијата кај него пронашла марихуана и хашиш…

- Локални
3680

На 08.02.2024 година во 01:47 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека, во куќа, сопственост на Ф.И. од селото Подгорци, избувнал пожар во кој, нема повредени лица. Интервенирала територијалната противпожарна единица од Струга.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. При контрола на патнички автомобил што тој го управувал, извршена во близина на кичевското село Колари како и при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа Марихуана и Хашаш.

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“. Тој, на 23.01.2024 година, во близина на охридското село Вапила, е затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари